Ја претепа до смрт, а нема да одговара за убиство, посочува ќерката на починатата жена од Неготино

Емилија Грнева од Неготино чија мајка беше претепана до смрт од нејзиниот невенчан партнер, реагира за квалификацијата на делото што ја направило Јавното обвинителство.

Тие, врз основа на вештање, поднеле обвинителен акт за нанесување на тешки телесни повреди, наместо за убиство.

Грнева вели дека со вакво обвинение тој ќе добие помала казна, иако делото го сторил со умисла.

„Целата постапка се води од исказот на обвинетиот. Тој ја тепал се додека престанала да дава знаци на живот, а кажал дека не сака да ја убие. Значи тоа го кажал на вештачењето. Ја истепал дотаму целиот мозок и бил нагмечен. Мајка ми беше непрепознатлива. Пробал да ја исчисти крвта во станот, ги пуштил сите чешми. Пробал да го прикрие делото“, објаснува за Канал 5 Грнева.

Токму ова е нејасно за семејството – како не се земало во предвид дека тој сакал да го прикрие свесно злосторството, а според извештајот на вештакот мажот имал 1,94 промили алкохолот во крвта и бил непресметилив.

„Станува збор за чисто дело убиство, а се терети за тешка телесна повреда. Да за тешка телесна повреда, доколку мајка ми останеше жива. Уште нема дата за првото судско рочиште. Само очекувам од судот да се прекфаликува делото“, вели Грнева.

Дека насилникот треба да одговара за убиство, а не за тешки телесни повреди, е ставот и на Платформата за родова еднаквост. Оттаму посочија дека е јасно дека се настојува тој да добие помала казна бидејќи, според сегашната квалификација на делото, казната е затвор од една до пет години, но доколку му се суди за фемицид, Кривичниот законик предвидува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

46 годишната жена од Неготино почина на Карил, каде беше донесена на втори август, во кома, потсетува Канал 5.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.