Ја преживеавме 2020. Сега шо правиме?

Со многу хистерија, плачење, кукавичлук, паничење, припотресување и терање контра и инат со, ама, се’ што можеше да се укаже и објави од било кој и било која институција, ја претуркавме годинава. Вака – така, живи сме. Ама, што па со тоа?

Нова Година

Како само сите се з’гнале кој од кој повеќе да се испожелае да наредната гУдинка биде подобре? Ахам, да пошто вирусов гледа во својот ДОС часовник и вика, дечки, дај запнете побрзо оти саато ќе се ресетира, да потепаме шо можеме оти после НГ ќе биде маф за нас!?!? Ма дајте бе, цртани филмови за нереални луѓе. Секој празник има некаква космичка, историска, емотивна димнзија, скоро секој освен Нова Година која ама баш ништо не значи. Камо да е прв ден на пролетта, младенци, па да има некакво симбиотичко-синхознириано славење на нешто што е во природата и со човекот. Еден 8 март има повеќе одошто ова, кое па ко папагали сите го нарекуваат најлуда ноќ? Најлуда ноќ имате секој ден во менталните институции. Ама танцуваме, лудо танцуваме! Ако танцот ви е говор на телото вие „д-дткате“ имате говорна мана која пак згора ја негувате како прогресивен дел од својата личност. За ваква погрешна и промашена извртена перцепција на местата каде е „најлудо“ како прво се дава рисперидон, па после иде до електрошокови. Затоа доста бе со тој безначаен празник кој ни астрономки ама баш ништо не значи освен менување на каленадарите по автосервисите каде една слика на цицла се менува со друга. Ако сме смениле календар и сме мрднале напред како тоа останал октомври (осми), ноември (девети) декември (десети) месец, а не се? Ма како и за се’, си голатете секоја лага, ама ве пуштаат да правите абдали од себе со рамна земја – црепови.

Корона

Пак навратете се некоја од моите паламудења од почетокот на корона кризата и најдете ги оние за шпанскиот грип на почетокот на 20.век. Денес е најслично и таа здравствена криза и не е прва работа, но ни од дедовците не научивме. А, имаме невиден к’смет што се случи во 2020. Замислете затворени во локадун, да бевме пред 20 години со оние сони-ериксон или нокии, со минимален и прескап интернет, па ќе полудевте!?! Толку многу сме станале плачипички неспособни да се издигнеме над ситуацијата, просто плачеме за ќотек. Но, затоа инат да тераме секому убедени дека нашите погрешни сознанија се точни, дека сите лажат само ние ја знаеме вистината оти сме нашле некој анонимен цреп на јујтјуб који прича како је вајстину открио завјеру. Секако дека има срања профитерско – белосветски, но бидете убедени дека доволно се паметни да ве фокусираат на погрешна страна. Народ што со мјакуње му сменија име, идентитет, го доведоа на раб на економски колапс и он тоа го проследува со пцуење на фејзбук, не зааслужува подобро, а оние кои се бутнуваат и сакаат промена им мрчите како требало-не требало. На Американците има направија копи-пасте „слоповање“ на избори исто како и кај нас… и што? Ништо, да, некој владее со светот… оној кој инвестира во сопствената агенда со децении, а вољата на народот? Па, пола од тие што мрчат, гласаат токму за нив, оти? Јер смо пиќке! Конформисти, толку. Знаат дека не сме спремни за жртви. Ебате човештвото кое не успеа да се избори за слобода за Асанж. На крајот и Трамп испадна пуси.

Вакцина

За жал вакцина нема да има за глупи статуси на мрежи, нема за подобрување на паметно резонирање и бизнис претприемаштво, нема ни за зголемување на ајкју. Ќе се вакцинираат едни – нема други, како и да е, гени на глупаци ќе се прелеат во наредните генерации. Започна вакцинацијата насекаде, кај нас од февруари и додека ние асално да ја прошириме, таа секаде ќе заврши. Паника ќе настане за летоска кога земјите соседни каде трчаме за лигавење по лежалки на плажи, ќе дозволи само вакцинирани да можат да патуваат како и за остатокот од светот. Не е далеку од умот дека хотели, ресторани и секој субјект има потполно право да направи такви рестрикции, а вие пиштете дали било уставно. Оние кои нема, најверојатно ќе си дремат малку повеќе по дома како и досега чиј живот се свел на кликање кафиња и цигара и коментари колку кој не чинел. Дали ќе се вакцинирате или не, на Дарвин ќе му се допадне. Депопулацијата сами ќе си ја спроведеме, без да кажам дали тоа ќе биде од вакцината или оние кои нема да ја примат. Вадете си очи, како и досега.

Господ

Нефункционална држава, народ неспособен да се одржи, да се издигне, утепан, сиромашен, осиромашен, ќе дели правда за бентлија со 45 евра, и толку… ќе се тресе со молитви да стигне слледната плата, а не стига-доцни, пензија која е на „рубу очаја“, па еве не’, опстануваме, не’ има. И покрај се’ имам една од трите – вера, надеж, љубов… и покрај се’ верувам дека и сите катастрофи кои не ги гледате, а ни се пред врата, ќе има заштитничка, невидилива рака. Се молам дека нема само риба да ми подаде, туку и ќе ме научи да ловам сам и плетам мрежи и направам флотила од рибарски…

Нема поголем доказ за постоењето на Бог од тоа што ние како народ и држава сеуште постоиме. Цела емипирија докажува дека одмна требаше да не’ нема, па ај кажете ми, како сеуште сме тука? Вредно работиме, водиме добра економска политика во крајно нефункционална држава, со спектакуларно корумпирани и неспособни политичари? Ако ова чудо не ве разувери – за дијагноза сте. Затоа среќна 2021, 22, 23, 24, 25 … итн. итн. итн. без гајле сум, оти Он е со мене!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес