„А1 Он“ пушта соопштенија за активности на Жерновски

„А1 он“

Имено, на јавноста веќе и е јасна ваквата тесна поврзаност, особено ако се земе во предвид дека меѓу првите новинари што работеа за порталот „А1 Он“ беше и Катерина Цаневска, некогашна уредничка и новинарка од „А1“ телевизија, а сегашен портпарол на општината Центар.

Имено Цаневска го доби вработувањето во општината откако Андреј Жерновски ја доби градоначалничката функција.

Оттука, со тоа што денешната информација беше проследена од страна на имеил адресата на порталот, а не од официјалната имеил адреса на општината или пак на портпаролот, станува јасно дека лицето што ја упатило пораката до медиумите има истовремено пристап и до имеил адресата на „А1 Он“.

Прашањето кое повторно се поставува во јавносста е дали „А1 Он“, кој тежи кон тоа да се прокламира како независен медиум, всушност работи во служба на општина Центар и сегашните власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.