АА: Го одложија пописот за да манипулираат со процесот, на штета на Албанците

Веќе се доближува крајот на пописот, а на наша адреса се пристигнати многу жалби од страна на граѓаните кои што се жалат дека во нивните домови не е пристигнат ниту еден од попишувачите за да ги попише. Ова е скандал, бидејќи законот обврзува да се посети секое домаќинство и да се попише секој граѓанин, велат од Алијанса за Албанците

„За жал, ваквите мрачни сценарија кои што ние како албанска опозиција ги најавивме дека ќе се случат, стануваат реалност и сето тоа заблагодарувајќи му на постојаниот вазал во владата на Северна Македонија, а тоа е ДУИ.

Пред 11 години го прекинаа пописот и не дадоа ниту едно објаснување за јавноста. Сега го одложија пописот со цел за да манипулираат со процесот и тоа можеби на секого му оди во корист, но, само на Албанците не.

Јасно е дека ние бевме единствените што се спротивставивме на одложувањето на овој процес и сега произлегува дека сме имале потполно право. Пописот се одложи, просто, за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува. Значи, се докажува тоа што ние го велевме, дека ова е една политичка одлука преземена како одговор на масовното излегување на Албанците да се попишат.

Неважни се видеата со кои се рекламираат лидерите на политичките партии како се попишуваат, кога во овој процес останаа непопишани обични граѓани.

Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин, ако тоа е потребно, со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан, а не да не им се дозволува на попишувачите да попишуваат по 5-6 домаќинства на ден со образложение дека не работи серверот- оваа информација доаѓа од попишувачите.

Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот.

Ги повикуваме граѓаните да ја искористат секоја можност за да се попишат, исто така и пријавувајќи се во центрите што ги одредил заводот за статистика, иако беше должност да се посети секое домаќинство за да се изврши пописот на населението“, се вели во соопштението.