АА: Погребалните претпријатија ги ограбуваат семејствата на починатите од Ковид-19

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива реагира затоа што покрај загубата на нивните најблиски, голем број на граѓани се принудени да платат огромни суми на пари за погреб на починатите како последица на ковид-19.

„Според сите релевантни статистики, Северна Македонија има најголем процент на смртност како последица од пандемијата, додека граѓаните покрај сите други потешкотии со кој се соочуваат, се принудени да платат огромни суми за погребот. За да се подигне починатиот од болница (мртовечница) мора да платат според нашите информации, од 25.000 илјади до 120.000 илјади денари,. Тие се правдат со еден непостоечки протокол на Министерството за здравство, според кој треба да се користи специјални ПВЦ материјали и лимен-ковчег. Очигледно е дека голем број на граѓани се практично ограбени од страна на погребалните служби а тоа го дозволува Министерството за здравство бидејќи нема превземено никаква мерки“, велат од коалицијата.

Од таму бараат одговорност и објаснување од Министерството за здравство како се уплатени тие пари, на која сметка, за каква цел и каде завршиле тие пари, бидејќи има случаи кога парите се платени при подигање на починатите од болница.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива предлага ова категорија на граѓани, односно сите семејства кој имат изгубено член како последица од ковид-19, да бидат опфатени со петтата мерка на Владата и да им биде доделена одредена сума на средства како надомест за погребални трошоци, додека Министерството за здравство да преземе конкретни законски дејствија за да се расчисти случајот со погребалните служби кои ја злоупотребуваат кризната состојба со пандемијата.