АА: Владата на Норвешка започна истрага за злоупотреба на пари од Теута Арифи

Тетовскиот огранок на Алијансата на Албанците преку прес-конференција упати обвинувања до Општина Тетово до Владата дека „правеле злоупотреба на средствата на норвешката Влада за расчитување на старата тетовска депонија“, каде денеска теренска посета извршија вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, тетовската градоначалничка Теута Арифи и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка, Гир Јохансен.

Според претседателот на огранокот на Алијансата на Албанците во Тетово, Алтрим Мамути, отпадот од Фалише не се носи во Дрисла.

– За жал нашите информации зборуваат дека отпадоците завршуваат во дупки кои се отвараат во полошките полиња, за да се избегне плаќањето во депонијата Дрисла. Со овој чин од една страна се злоупотребуваат средствата, а од друга страна се загадува животната околина. Нашите информации кажуваат дека Владата на Норвешка побарала од нашата Влада, по конкретно од нашиот премиер и од секретарот на Владата и од министерот за животна средина да ги инспектира работите на терен. За жал досега немаат превземено ништо до сега во оваа насока, изјави на прес-конференција Мамути.

Тој истакна дека норвешката Влада започнала истрага.

– Ние имаме информации дека проектот за чистење на одводните води во село Фалише, а кој проект се подржува од норвешката Влада е три милиони евра. Проектот се организира од УНОПС-Норвешка и сега освен набљудувачите од Норвешка имаме и комисија составена од пет члена кои го истражуваат овој проект. Нивната грижа се одобрените три милиона евра во горенаведената локација се за отстранување на отпадоците кои треба да завршат во депонијата Дрисла, рече Мамути.

Од Општина Тетово соопштија дека сите информации околу проектот се веќе објавени на настанот на кој беше присутен и прв секретар на Амбасадата на Норвешка, Геир Јохансен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.