Кошаркарите на љубљанска Цедевита Олимпија го совладаа белградски ФМП со 97:79 во решавачкиот трет натпревар во четврфиналето на плејофот на регионалната АБА лига и така со 2-1 во победите се пласираа во полуфиналето во кое ривал ќе им биде подобриот од дуелот Партизан – Студентски центар
До убедливата победа Олимпија ја предводеа Ален Омич со 20 поени и 7 скокови, а по 19 поени впишаа Јоги Фарел и Амар Алибегович. Алекса Степановиќ со 17 коша беше најдобар стрелец кај ФМП, а 16 додаде Чарлс Менинг.
Првиот дуел од четвртфиналната серија меѓу Партизан и Студентски центар на распоредот е во понеделник во Белград, а реваншот во Подгорица ќе биде одигран три дена подоцна.
Во недела, со почетокот од 19,30 часот ќе биде одигран првиот натпревар од полуфиналната серија меѓу белградски и подгорички клуб, односно меѓу Црвена ѕвезда и Будуќност.