АБА Лига: Ѕвезда за малку изненадена во Белград од Сплит

Кошаркарите на Сплит одиграа изненадувачки добро во неделата во седмото коло од регионалната АБА Лига на гости кај фаворизираниот тим на Црвена ѕвезда и за малку ќе оствареа големо изненадување, но на крајот мечот им припадна на белграѓаните со 78:76 (38:42) кои го одиграа веројатно најлошиот меч сезонава и на крајот се извлекоа од пораз на искуство.

Сплитските кошаркари добро го отворија мечот против домаќинот кој игра и во Евролигата и во силниот национален шампионат, и водеа целата прва четвртина, а на почетокот од втората дојдоа и до 13 коша предноста (33:20). Ѕвезда сепак до крајот на полувремето ја намали разликата на само четири поени.

Во третата делинице Сплит повторно се одлепи на „плус 14“, но Ѕвезда до крајот на третата четвртина успеа да се врати и во последниот период се влезе со минимална предност на белградскиот тим од 60:59.

Во неизвесната последна четвртина домашните на 2 минути и 45 секунди до крајот имаа предност од пет коша (74:69). Гостите сепак не помислија да се предадат и прво погодија и во два наврата погодини по две слободни фрлања, а на 64 секунди до крајот погодија и „тројка“ за водство до 76:74. Потоа на 47 секунди до крајот Ѕвезда израмнува од слободни фрлања на 76:76, Сплит ја губи топката а Лојд со полагање ги носи домашните до водство од 78:76. Сполит имаше седум секунди да дојде до продолженија или победа, но на крајот во два едно-по-друго обида за „тројка“ не успеаја да го погодат противничкиот кош.

Кај Црвена ѕвезда најефикасен беше Американецот Џон О’Брајант со 18 коша, а го следеше Марко Симоновиќ со 15 поени. Кај Сплит предничеше Марко Луковиќ со 25 поени, додека Антонио Вранковиќ додаде 21 кош.

Ѕвезда има максимален ефект од седум победи, додека Сплит има три победи и четири порази и е на петтото место.

Во неделата и Мега на свој терен забележа минимална победа над Крка со 71:70, Цедевита Олимпија го совлада Борац од Чачак со 97:88, а дуелот меѓу Задар и Будуќност е одложен.

Во саботата како домаќин беше поразена од Партизан со 75:82, кога Морнар дома го совлада тимот на Копер Примерска со 87:66.

ТАБЕЛА

1. Црвена ѕвезда 7 7 0 618:475 14
2. Мега 7 5 2 565:531 12
3. Морнар 6 5 1 504:440 11
4. Партизан 7 4 3 610:583 11
5. Сплит 7 3 4 514:546 10
6. Цедевита Олимпија 5 4 1 447:374 9
7. Игокеа 5 4 1 390:386 9
8. Цибона 7 2 5 527:562 9
9. Будуќност 4 4 0 348:317 8
10. Крка 7 1 6 480:540 8
11. ФМП 5 2 3 414:418 7
12. Задар 6 1 5 429:450 7
13. Борац 6 1 5 492:546 7
14. Копер Приморска 7 0 7 444:614 7