АБА му даде надеж на МЗТ Скопје, Приморска се откажува?

Приморска доби ултиматум од АБА, клубот е во долгови и доколку не ги подобри своите финансии ќе биде елиминирана од елитното регионално кошаркарско натпреварување.

АБА со ова му даде надеж на МЗТ Скопје дека ќе дојде на местото на Приморска доколку раководството на лигата се реши да го суспендира овој клуб.

Клубот од Словенија има рок до 1 јули да ја средат својата финасиска состојба, во спротивно нема данастапуваат во АБА лигата следната сезона.

МЗТ Скопје веќе имал контакти со раководството на АБА, посочено им е дека се зависи од Приморска, надеж се уште има, епилогот ќе биде познат на почетокот од следниот месец.