Абас: Нема мир на Блискиот исток додека трае израелската окупација

На Блискиот исток нема да има мир сѐ додека трае израелската окупација на палестинските територии, реагираше во вторникот претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, по потпишувањето на договорот за воспоставува целосни дипломатски односи на Израел со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

„За никој во регионот нема да има мир, безбедност и стабилнсота додека трае окупацијата и додека не бидат почитувани сите права на палестинскиот народ“, истакна палестинскиот челник во соопштението издадено по договорот за нормализација потпишан во Вашингтон меѓу еврејската држава и двете арапски муслимански земји од Персискиот залив.

Палестинците последните седмици ги обвинуваа Емиратите и Бахреин дека го „предале арапскиот консензус“ за тоа дека решавањето на деценискиот палестинско-израелски судир е предусловот за нормализација на односите со Израел.

„Обидите да биде заобиколен палестинскиот народ (…) ќе имаат сериозни последици за кои ќе мора да одговараат Соединетите држави и израелската окупација“, додаде во вторникот Абас, без да појасни што подразбира на „последици“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.