Абас побара од Путин поголема улога на Русија и нов механизам за медијација

Рускиот претседател Владимир Путин го прими во понеделникот челникот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, кој побара нов механизам за медијација во блискоисточниот процес и посилна улога на Русија, бидејќи поради однесувањето на САД не може повеќе да ги прифати како поседник во преговорите со Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги разгневи Палестинците, но и другите муслимански земји бидејќи пред два месеца одлучи да го ефектуира законот од 1995 година и да се откаже од досегашната практика тој да не се применува, кога објави дека САД го признаваат Ерусалим за главен град на Израел.

„Изјавуваме дека од сега одбиваме да соработуваме во која и да е форма со САД во нивно својство на медијатор, како и дека се противиме на нивните акции“, изјави палестинскиот челник Махмуд Абас пред почетокот на разговорите во Москва.

Абас рече дека сака нов механизам на посредување кој би го заменил таканаречениот „блискоисточен квартет“.

„На пример, ‘квартетот’ плус некои други земји како модел кој е користен во постигнувањето на договорот со Иран“, изјави Абаса алудирајќи на нуклеарниот договор кој Иран го склучи со шесте светски сили

Палестинскиот претседател уште минатата седмица изрази надеж дека Русија би можела да презема поголема улога во изралеско-палестинските мировни преговори.

Рускиот претседател Владимир Путин точно пред две седмици во Москва го прими и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Русија успеа да одржува цврсти односи и со Израел и со владата на Палестинската самоуправа, како и со израелските ривали Сирија и Иран, и настојува да се промовира во веродостоен миротворец во меѓународните судири.

„Ситуацијата во регионот е далеку од она што би сакале да го видиме“, изјави Путин во коментарите во текот на средбата.

„Штотуку разговарав со американскиот претседател Трамп“, рече Путин додавајќи дека разговарале за израелско-палестинските мировни напори и дадоде „Би сакал да ви ги пренесам неговите најдобри желби“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот палестински колега Ријад ал-Малики, исто така, присуствувале на состанокот со Абас, пренесуваат руските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.