Абас подготвен да ги продолжи мировните преговори со Олмерт

Палестинскиот претседател Махмуд Абас е подготвен повторно да ги почне мировните преговори со поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, од позицијата на која застанаа пред десетина години, пренесе агенцијата Анадолија.

Зборувајќи на заедничката прес конференција со Олмерт во Њујорк, по седницата на Советот за безбедност на ОН, Абас кажа дека таканаречниот „договор на векот“ на американскиот претседател Доналд Трамп нема да донесе мир, ниту стабилност на Блискиот Исток.

Се чини дека планот на Трамп не ги задоволува ни најосновните палестински барања за сеопфатен мир со Израел, вклучувајќи го и правото на враќање на палестинските бегалци кои во текот на судирот беа протерани од своите домови, констатира Анадолија.

-Целосно сум подготвен со вас да ги продолжам преговорите таму каде што застанаа, господине Олмарт, под закрилата на меѓународниот квартет, а не врз основа на план за анексија и легализација на насилствата и уништување на решението за две држави, нагласи Абас.

-Абас е човек на мирот. Тој се противи на теророт. Заради тоа тој е единствениот партнер со кој можеме да се соочиме, порача Олмерт.

Меѓутоа, Олмерт се воздржа од критика на планот на Трамп.

Олмерт во 2008 година одржа серија мировни преговори со Абас, кога стана израелски премиер. Меѓутоа, неговите преговори пропаднаа заради правните проблеми со кои Олмерт се соочи во земјата (му се судеше за корупција) и израелските операции во Појасот Газа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.