Абас објави прекин на палестинските односи со САД и Израел

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абаз, во саботата го објави прекинувањето на сите односи со Израел и САД, вклучително и во сферата на безбедноста, а изјавата ја даде по вонредната седница на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Арапската лига во Каиро.

„Испратив две пораки, на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху и шефот на Централната разузнавачка агенција (CIA), дека со нив (Израел и САД) во иднина нема да има никави односи, вклучително и во безбедносната соработка, во смисла на нивното отфрлање на потпишаните (претходни) договори и норми на меѓународното право. Израелците мора да понесат одговорноста како окупаторска земја“, изјави Абас.

Според палестинскиот челник, Нетанјаху „не верува во мирот и тој беше оној кој ги отфрли договорите од Осло, а од убиството (на премиерот на Израел, Јицак) Рабин (во 1995 година) немаше никаков напредок во мировниот процес“.

Абас рече и дека, исто така, го информирал американскиот претседател Доналд Трамп за својата согласност за демилитаризација на палестинската држава „иако на многумина тоа не им се допаѓа“.

„Но после тоа, во пројавената ситуација на одреден оптимизам, тој (Трамп) ја затвори нашата канцеларија во Вашингтон и ја прекина помошта и го призна Ерусалим како една и неделива престолнина на Израел, иако ме уверуваше дека донел решение за формирање две држави во границите од 1967 година со Источен Ерусалим како главен град на Палестина. Трамп се откажа од многу од своите ветувања за решавање на палестинското прашање во однос на нашата позиција, и поради тоа ја прекинавме нашата соработка со Вашингтон и со американското разузнавање“, додаде Абас.

Односите меѓу Палестинците и САД всушност беа прекинати уште во моментот кога американската амбасада во 2018 година беше пренесена од Тел Авив во Ерусалим, повлекувањето на Вашингтон од финансирњето на UNRWA (Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци и организациски работи на Блискиот исток), како и затворањето на канцеларијата на Палесинстката ослободителна организација (PLO – на Махмуд Абас) во Вашингтон.

Кога станува збор за односите со Израел, Палестинците до последен момент ја оддржуваа координацијата во сферата на безбедноста. На 30-ти јануари Абас го извести Нетанјаху дека палестинските власти ќе престанат да ги исполнуваат сите договори, доколку Израел ја анектира Јорданската долина и териториите на тамошните населби, но во тој момент не се споменуваше прекин на безбедносната соработка.

По барање на Палестинците во саботата во египетската престолнина Каиро беше свикана вонредна седница на министрите за надворешни работи на земјите од Арапската лига, на која се разговараше за американскиот план за решавање на состојбите на Блискиот исток, кој го отфрлија веќе многу светски влади и особено од регионот.

 

Отфрлање на „Зделката на векот“

Абас, исто така, ја отфрли можноста за преговори со Израел врз основа на блискоисточното решение на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нема простор дури ниту на преговарачката маса ниту за дел од американскиот договор. Зделката на векот целосно и категорично е отфрелна, но ние сепак веруваме во мирот“, изјави Абас додавајќи дека е Палестинците ја информирале администрацијата во Вашингтон за отфрлањето на американскиот мировен план.

Обраќајќи се на заседанието на Арапската лига, палестинскиот лидер ги објасни причините за отфрлањето на американскиот мировен план.

„Мировниот план бара од нас да не се придружуваме на меѓународните организации, да се откажеме од суверенитетот на териториите, да се откажеме од меѓународните решенија, додека окупаторските власти секојдневно ги уриваат палестинските домови и градат нови населби. Никогаш нема да го прифатам американскиот мировен план“, порача Абас.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 28-ми јануари заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон ги објавија клучните одредби од ткн „Договор на векот“, односно план за мировно решение на израелско-палестинскиот конфликт, во чија основа повторно е меѓусебното признавање на двете држави. САД предлагаат непрекинато поврзување на територијата на Палестина која се состои од појасот Газа и Западниот брег со брзи транспортни врски но не и територијални, а за главен град на идната палестинска држава да биде признаен само дел од Источен Ерсалим. Според Нетанјаху, станува збор за ерусалимското предградие Абу-Дис. Истовремено шефот на Белата куќа го нарече целиот Ерсали „неделив главен град“ на Израел и ја објави намерата на САД да ги признае еврејските населбите, подигнати на териториите кои меѓународната заедница ги смета за окупирана палестинска, за израелска територија.

Како услов за мировниот процес, Трамп побара од палестинските власти демилитаризацијата на појасот Газа, да се напуштат методите на вооружена борба и да го поддржат владејачкото во енкалвата радикално исламистичко движење Хамас. За да го поттикне прифаќањето на договорот, Вашингтон нуди инвестиции во висина од 50 милијарди американски долари, кои меѓу другото ќе бидат насочени за создавње работни места за Палестинците и компензации за загубените домови на протераните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.