Абазовиќ: Законот за СПЦ ќе го смениме за пет минути

„Луѓето кои треба да се договорат околу Законот за слобода на вероисповед веќе се согласија за сè. Ќе се реши за пет минути. Ние нема да го повлечеме законот бидејќи тоа не е практично и тоа е единствената причина. Сите спорни членови ќе бидат исфрлени, што е во интерес на сите, па дури и на црквата“, изјавил Дритан Абазовиќ, лидерот на Граѓанското движење УРА за „Нова.рс“.

Последниве денови, медиумите во регионот ја разбранија јавноста околу Законот за слобода на вероисповед, кој повторно стана фокус на интерес. Овој пат, законот е камен на сопнување во навидум идиличниот собир на победничките коалиции во Црна Гора, кои по три децении на власт, го соборија Мило Ѓукановиќ и ДПС на парламентарните избори на 30 август.

Според Абаозвиќ нема потреба од јавни полемики.

„Се обидуваме да постигнеме договор со членовите на Демократскиот фронт и со другите партии во коалицијата кои се собрани околу Здравко Кривокапиќ. Јас сум оптимист и мислам дека многу брзо ќе најдеме решение и ќе се согласиме. Тоа е она што граѓаните го очекуваат од нас. Морам да нагласам дека нашите ставови се многу јасни и едноставни. Ние се договоривме со црквата за Законот за слобода на вероисповед и тоа е најважно за нас. Јас целосно го поддржувам Кривокапиќ и нема конфликти меѓу нас, што е најважно. Целата приказна со законот е готова и решена“, нагласува Абазовиќ.

Законот ќе се смени, вели лидерот на движењето УРА, бидејќи тоа е процедурално најкраток пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.