Абдула Ѓул: Се надевам дека наскоро турските државјани ќе патуваат без визи во ЕУ

Претседателот на Турција, Абдула Ѓул изрази надеж дека во многу кратко време турските граѓани ќе започнат да се движат целосно безвизно во земјите од ЕУ, пренесуваат локалните медиуми.

Абдуллах Ѓул го оцени патоказот на процесот за намалувањето на визите за турските граѓани како многу важен чекор, бидејќи според него Турција веќе се интегрирана со ЕУ, член е на царинска унија и во моментов води преговори за полноправно членство во заедницата.