Абе: Јапонија сака водство во заедничката изјава на Г-7 за Хонг Конг

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека Групацијата од седум најразвиени земји ќе се обидат да издадат заедничка изјава за ситуацијата во Хонг Конг, каде Кина воведува нов закон за безбедност.

– Признаваме дека Г7 има мисија да го води глобалното јавно мислење и Јапонија сака да го преземе водството во заедничката изјава заснована врз принципот „еден народ, два система“ во Хонг Конг“, рече Абе пред Парламентот.

Како што пренесуваат странските медиуми, Токио веќе изрази загриженост во врска со одлуката на Пекинг и го повика кинескиот амбасадор да го пренесе своето мислење.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Цунјанг на прес-конференција изјави дека Пекинг изразува „сериозна загриженост“ за Јапонија во врска со изјавата на Абе и дека Хонг Конг е „целосно внатрешна работа на Кина“.

– Земјата за која станува збор треба да го почитува меѓународното право и основните принципи на меѓународните односи, рече таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.