Абе и Трамп тврдат дека се запознаени со здравствената состојба на севернокорејскиот лидер

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе денеска изјави дека е запознаен со извештаите за здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и оти со големо внимание го следи развојот на настаните.

Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „прилично јасна претстава“ за здравствената состојба на Ким, но оти „не може сега да зборува за тоа“.

Светските медиуми од минатата недела објавија дека здравствената состојба на Ким е нарушена, а многумина шпекулираа и дека починал. Тој не се појавил во јавност од 11 април, а според некои информации, му била извршена операција на срце и е во лоша здравствена состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.