Јачева-Улчар: Ќе го понижиш Македонецот на „Тешкото“, па ќе одиш по бисти, и по Небрегова да го славиш!

Професорката Елка Јачева-Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје,  на Фејсбук реагира за посетата на премиерот Зоран Заев на родната куќа на кодификаторот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески на неговиот роденден.

„ХИПОКРИЗИЈА

Мене ова со чествувањето на нашиот Учител, Блаже Конески, ми е крајно лицемерно и дегутантно!

Ќе ја изгазиш неговата „Историја на македонскиот јазик“, која патем не е од 1944, туку од пред 10 века; не ќе го удостоиш со прочит на двете негови одбрани од нападите на Бугарите врз нашиот јазик, па ќе тргнеш Договор за добрососедство да потпишуваш со нив; ќе напраиш партал од неговото ‘јазикот е наша единствена татковина’; ќе го дадеш на тацна големото име – ќе сакаат да ни го земат’; ќе го понижиш Македонецот на „Тешкото“; ќе ја обесчестиш „Везилка“ и на крај – ќе одиш по бисти, и по Небрегова да го славиш! Не ви се чини малку ту мач? Ај смањите доживљај, моља ви!“, порача Јачева-Улчар.