Јачева-Улчар: Сред европска територија се крши правото на еден народ за самоидентификација!

106

Професорката Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, на својот Фејсбук профил се огласи за скандалозните услови од Софија за евроинтеграцијата на Македонија во ЕУ, особено за барањето да се откажеме од македонскиот јазик.

„Kje ste zdaj, gospod Zbogar?
Каде сте сега, господине Жбогар?
Сред европска територија, чиј главен експонент сте самиот Вие, дозволувате вашите миленичиња да му го кршат основното човеково право на еден народ: за самоопределување и самоидентификација!!! Зарем се ова тие европски демократски вредности кои сите сакаме да ги земеме во нашите прегратки?!
Ќе ги прашав и нашиве политичари и позициски и опозициски – каде се, ама за нив знам. Како што вчера изјави министерката Рената Десковска – сите сили им се насочени кон добивањето датум за преговори, па сите други прашања ќе ги оставеле за по 15 октомври.
Во меѓувреме македонскиот народ врие и боледува од понижувања, уцени и голтање горчливи кнедли…“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.