Ачковска: Заев во залог ја дава целата држава, тој работи за надворешни интереси

Да бидеме единствени, обединети, да се сакаме меѓу себе, да постигнеме слога, само сложни и единствени може да ја одбраниме татковината од сите овие сценарија кои беа режирани во последните години. Ова е главната порака на ГДОМ што професорката Виолета Ачковска од синоќа од Струмица ја испрати.

Таа додаде дека пораката е иста и ја пренесуваат во сите градови каде учествува ГДОМ.

-Посебно ние како граѓанско движење се залагаме за почитување на институциите, правна разврска на сите проблеми кои произлегоа последните месеци, тоа е основата. Без функционирање на правната држава и без почитување на волјата на мнозинството на граѓаните не може да има ниту демократија, ниту да опстои државата. Нашата цел беше да ја сочуваме државата од некаква граѓанска војна, од меѓусебно разнебитување помеѓу Mакедонците кое со месеци им се сервира, истакна Ачковска.

Во врска со договорот што го постигнаа лидерите на партиите со посредништво на еврокомесарот Хан,  Ачковска со став дека Заев е многу не сериозен и често ги менува изјавите.

-Во последните месеци сме сведоци колку често лидерот на опозицијатa ги менува неговите изјави, меѓутоа јас имам некое чувство дека повеќе ниту лидерот на СДСМ ја води целата оваа работа, ниту пак СДСМ. Дека сета таа работа ја превзема Сорос, соросидните медиуми, личности кои ги видовме во последните случувања, организрани протести и наводни невладини организации, а СДСМ како партија никаде не ја гледам бидејќи нити нејзината идеологија, ниту нејзината идеја ја гледам, вели професорката.

Мислам дека Заев е многу не сериозен, потенцира таа, дека во залог ја дава целата држава заради некоја негова комбинација која ја направил со некакви надворешни или внатрешни сили бидејќи бевме сведоци со некакви сили во Приштина или во Софија, така што тој не работи за Македонија туку за некој надворешни интереси.

Таа порача да бидеме единствени, да си ја сакаме татковината и да ја одбраниме и од внатершни и надврешни луѓе и сили кои сакаат да ја разнебитат Македонија бидејќи за сето тоа залогот е промена на името, промената на идентитетот. Значи целото сценарио фактички се наоѓа во таа точка.

– Ние сакаме да го одбраниме името на Македонија, македонскиот идентитет и македонската држава, потенцира професорката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.