Ad Astra – сериозен претедент за Оскар?

Филм кој предизвика големо изненадување, пред се кај критиката, рецезентите, љубителиите на филмската уметност, но не и кај публиката.

Ад Астра, кој во ментов се дава во кино кај нас, е нејпријатно филмско изнанадување, барем лично за мене. Филмот долго се снимаше и неколку пати имаше одлагање на неговото појавување, затоа што режисерот, Џејмс Греј, кој згора и не е многу продуктивен, но за своите дела има заслужено огромна почит кај еснафот, пред се’ тука ќе ги спомнам Lost City of Z и Little Odessa кој датира од 1994 година, инсистираше ефектите да бидат исполирани до перфекција. Кога ќе го погледнете, ќе речете – со право, а ќе го забележите тоа во close-up- овите на визирот од скафандерот. Но, бара навистина и голем екран и висока резолуција. Не, не е ова дело за гледање од некој Џифи-торент. Не би се задржувал премногу на тоа зошто Греј е толку малку продуктивен и зошто скоро перфектен филмски режисер. Имено, да се разбреме, одложување на веќе закажана премиера, а филмовите и кино салите резервираат термини години однапред и најмалку што можете да се надевате е една година, ако веќе имаме во предвид дека календарите се веќе направени до потполност и за 2022.

Но, откако го изгледав, разбрав зошто еден уметнички филм, троши време на прекумерни детали, во кои извонредната кинематографија и приказна се сосема доволни да го плениш умот на конзументот. Но, ако ве дојмиле Одисеја 2001, Интерстелар и Блејд Ранер 2049, ќе ме рзберете во потполност.

Режисерот ниту се срами, ниту се обидува да ја прикрие својата фасцинација од погоре спомантите филмови и тоа како ужива да е во нивниот универзум, колку и да е небулозно ова напишано. Сите овие филмови се карактеризираат со едно, како заеднички именител – потрага по творецот (татко, Бог) а во таа потрага по некој или нешто, се наоѓаме себе. Ако смеам без спојлери да бидам доволно површен но да чепнам барем пар лушпи од слевите кои овој филм ги носи. А, сакам такви филмови, кои не се откриваат со прво гледање, кои бараат од тебе не пасивен грицкач на пуканки, туку напнат мозок кој свесно или подсвесно препознава цитати, ситуации, емоции. Затоа ваквите филмови секогаш биле препознати и поздравени од критиката, но не од публиката која е навикната на инстант забава – се да ти е јасно од почеток до крај и чао рагаци. Претходно спомантте како и многу други врвни уметнички филмови, имаат намера да кружат околу вистината со цврста намера да не се изгорат на неа. Така се сликаат и икони, не можеш да ја разбереш ако сам не си учесник во неа, така и во овој и овие филмови. Најслаткото е што вакви недоречени филмови се просто прекрасно примамливи да ги гледаш повторно и повторно и со нови сознанија сосема друго расположение и сменет критериуми и прецепции открива нови и нови слоеви и сегменти.

Може ли ваков филм, преполн со цитати и конекции со други дела да има оригинален авторски белег? Може, и ова е филм за оскар, и како филм и за главна улога, но пред се’ за кинематографија.

Никогаш не верував во тоа дека постои толку продухевен и слоевит уметник, кој може намерно да ги иницира разните нивоа, но големите уметници делуваат покрај перфектно плански и космички спонатно, совршени во нивната синергија на техниката, кинематографијата, длабоката приказна и никогаш да не ги дадат сите одговори, да останат недоречени и да ти направат и посеат идеја која ќе тлее и која ќе те тера да се навраќаш на делото години потоа, секако ако имаш такви предиспозиции како конзумент кој има потреба за нешто повеќе одошто 2Д линеарно раскажување како басна.

Целиот филм има само еден актер, Бред Пит, се’ друго е само параван, сценографски реквизит, освен можеби улогата на Рут Нега – градоначалничката на Марс, која успеа во своите пар минути да остави силен белег иако намерно ги намалувам скоро во небитност појавите на Томи Ли Џонс, Доналд Сатрленд и Лив Тајлер.

Бред Пит го нема долго и после 5 години се враќа со два филма, „Било еднаш во Холивуд“ на Тарантино и „Ад Астра“. И двата филма ги „вози“ беспрекорно. Човекот старее како вино, никогаш посилен, посугестивен, поуверлив, со брилијатна улога, со перформанс кој заслужува секоја можна награда. Игра воздржан лик кој крие емоции, но кој цел филм не „боцка“ со длабоки чувства без збор, без долги дијалози и монолози, без говор на тело… само со очи и минималистички, феноменални тикови кои точно на одредени делови во процесот, заигруваат и бараат концентрација да ги забележите. Ако активно го следите дејството, неместо вообичаени експлозивни емоции „ЛЕТС КИК ЕС“ типични за западната кинаметографија, овде имаме суптилна врна глума, достојна најмалку за Оскар. Бред, како никогаш досега го заслужил. Прашање е само, дали секој го забележал ова што и јас? Дали и јас сум претерал во рекациите? Дали гледам во овој филм она што реално и го нема? Не знам и не ме интерсира. Ова е за мене најдоброто одиграна роља последнава деценија.

Во мојата колекција на врвни дела, како 2001, 2049, Интерстелар и уште пар филмови, влегува и овој 4К блуреј, кој ќе се појави во јануари 2020 и ќе остане како семејно наследство. Јас немам собрани дела од Тито и Кардељ, но ги имам овие  ремек-дела на филмската уметност кои ме обликуваат и ги користам како миродија за разубавувањње на вкусот на најслатката Ангелска Мана – животот!… да завршам со холувудски филмски патос!

Автор: Јанко Илковски