АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април 2023

ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април, соопштија од компанијата.
Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Р. Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба , за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди.
Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023.
Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период.
Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.