АД ЕСМ произведе 18.398 мегават часови електрична енергија, 330 се продадени како ноќни вишоци

АД ЕСМ вчера произведe 18.398 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

Од нив, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 13.988, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.410 мегават часови.

-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часови ноќни вишоци електрична енергија, потенцираат од Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.