АД ЕСМ: Производството на електрична енергија тече без проблеми, парното греење ќе се нормализирa

39

Производството на електрична енергија од АД ЕСМ тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби. Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и  електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор, велат од АД ЕСМ.

„Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот.

Што се однесува до системот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање, со што се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала. Во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица“, велат од ЕСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.