АД МЕПСО: „У Пауер“ набавувал повеќе електрична енергија од потребната за снабдување на коминтентите

„Што се однесува до прашањата и дилемите во јавноста, а во врска со одредени снабдувачи на електрична енергија меѓу нив и “У-Пауер”, ве информираме дека тие се компании кои во минатиот период се повеќе бележеа развој во своите активности во областа на снабдување во РС Македонија“, се вели во соопштенето испратено до медиумите  од МЕПСО.

Од АД МЕПСО соопштуваат дека нивните долгови по основ на надомест за дебалансите во претходниот период беше 0 “нула”.

Имено во претходниот период АД МЕПСО согласно “Правилата за балансирање” воглавно имаше финансиски обврски према „У Паyер“ и другите снабдувачи, а тоа значи дека „У Пауер“ набавувал повеќе електрична енергија од потребната за снабдување на неговите коминтенти и тоа се во границата на нормални проценки.

МВР вчера поднесе кривична пријава за насилство против Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната Комисја Марко Бислимовски, во ресторан во Дебар Маало. Причина за нападот е постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ која во моментов се води во Регулаторната која е започната откако од МЕПСО алармирале дека евидентирале зголемено ангажирање на електрична енергија која се користи за исклучителни ситуации.