Адебајор заминува во Кајзериспор

Поранешниот играч на Арсенал, Емануел Адебајор, треба да стане нов член на турскиот клуб Кајзериспор.

Репрезентативецот на Того оваа сезона стана слободен играч откако му истече договорот со Башакшехир, а оттогаш неговот име се поврзуваше со неколку клубови.

Турските медиуми објавија дека Адебајор денес бил во Истанбул и ги договорил деталите со раководството на Кајзериспор и дека по лекарски преглед треба да потпише договор со овој тим. Фановите на овој клуб го поздравија искусниот напаѓач и се сликаа со него, а тој не сакаше да дава никакви изјави за печатот.

Инаку, Адебајор, кој сега има 35 години, во својата богата кариера играл за неколку големи клубови како Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Тотенхем, оставајќи најголема трага во лондонскиот клуб, за кого постигнал 62 гола.