Адел нема да му плаќа алиментација на поранешниот сопруг

Бракоразводната парница на пејачката Адел и Сајмон Конечки во моментов е во завршна фаза, а како што пишува „Мирор“ според судските документи, ниту таа ниту нејзиниот сопруг нема да плаќаат алиментација.

Двојката добила заедничко старателство врз нивниот син. Повеќето информации за нивниот развод се доверливи, и се наведува дека деталите за издржување на детето се изнесени во посебна пресуда која не е отворена за јавноста.

Поранешните сопружници биле принудени да го споделат богатството од 140 милиони фунти кое го стекнале за време на бракот. Иако Адел и Сајмон рекоа дека ќе се застапуваат себеси во случајот, пејачката сепак побара стручна помош за одредени делови од спогодбата за развод.

Да потсетиме, пејачката и нејзиниот сопруг беа заедно седум години и се венчаа во мај 2018 година, но љубовта не траеше многу долго. Откако се разделија, Адел помина низ огромна физичка трансформација и сега изгледа потполно непрепознатливо.