Адеми и Груби сведочејќи за „27 април“ го побија обвинението дека Вељаноски преку ред му дал збор на Ибраими

Џевад Адеми и Артан Груби во своето сведочење за случувањата од 27 април денеска во целост го побија обвинението дека тогашниот претседавач Трајко Вељаноски преку ред му дал збор на пратеникот Зекирија Ибраими.

Тие објаснија дека биле пријавени за збор, но не го искористија своето право бидејќи седницата заврши во 18 часот тој ден.

Кога Ибраими излезе на говорница ја испеа албанската химна што внесе вознемиреност кај граѓаните кои беа собрани пред Собранието.