Адетокумбо и Џејмс најдобри играчи во јануари

Јанис Адетокумбо од Милвоки бакс и Леброн Џејмс од ЛА лејкерс се прогласени за најдобри играчи во Источната , односно Западната конференција за јануари.

Адетокумбо минатиот месец му помогна на Бакс да оствари 11 победи на 13 натпревари, остварувајќи просек од 29,2 поени, 13,4 скока и 5,7 асистенции по натпревар.

Лејкерс победија на 10 од 15 натпревари, а Џејмс стигна до запиша 25,4 поени, 10,4 асистенции и 8,1 скок просечно по натпревар.

Адетокумбо беше прогласен за најдобар и во ноември и декември 2019 година.