„Адидас“ нов спонзор на „Арсенал“ за 300 милиони фунти

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ потпиша петгодишен договор со англискиот прремиерлигаш „Арсенал“, вреден 300 милиони фунти.

Лондонскиот клуб по пет сезони го раскина договорот со „Пума“ па фудбалерите на „Арсенал“ ќе носат дресови на „Адидас“ од кого добија втор највреден договор, по тој на „Манчестер Јунајтед“ – 85 милиони фунти годишно.

„Топџиите“ од „Пума“ доби двојно помалку-150 милиони за пет години, па новата опрема ќе ја носат од 1 јули 2019 година.

„Арсенал“ последен пат го носеше брендот „Адидас“ помеѓу 1986 и 1994 година, кога освоија две титули во лигата. Потоа „Најк“ го спонзорираше клубот две децении до 2014-15 година.