Адил Сулејмани е убиеното момче од Велес

Татко од велешкото село Бузалково го нашол мртов 23-годишниот син Адил Сулејмани со една прострелна рана од огнено оружје, денеска околу 12.30 часот во камп-приколка до железничката пруга, на нивниот плац блиску до Ветеринарната станица во Велес.

Според првичните сознанија, синот дома го немало од вчера од 16 часот, а татко му го пронашол мртов на плацот на кој порано продавале дрва.
Полициска екипа на СВР Велес се уште е на местото на настанот и работи на пронаоѓање на сторителите и откривање на мотивите за убиството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.