Администрацијата на Бајден ги цензурирала социјалните мрежи, открива истрагата

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се ангажирала на континуирана цензура на социјалните мрежи во консултации со челниците на онлајн платформите, произлегува до документите од преписката и заедничката изјава за јавноста на главните обвинители на сојузните држави Луизијана и Мисури, Џеф Ландри и Ерик Шмит.

„Доставените комуникации покажуваат обемен ‘потфат за цензура’ меѓу повеќе федерални агенции. Идентификувани се 45 федерални службеници кои комуницирале со платформите на социјалните мрежи за ‘неточни информации’ и цензура“, се истакнува во соопштението/

Според документот, со челниците на најголемите онлајн-платформи, меѓу кои и Meta и Twitter, редовно комуницирале Белата куќа, Федералното биро за истраги (FBI), Министерството за здравство и социјални служби, Министерството за внатрешна безбедност, Агенцијата за кибернетичка безбедност и заштита на инфраструктурата, Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC), Бирото за попис, како и изборната комисија, Министерството за финансии и други владини агенции на САД.

Притоа, двајцата обвинители забележуваат дека Министерството за правосудство одбило да обезбеди целиот обем на информации за соработката меѓи високорангирани функционери на американските федерални служби со социјалните мрежи, во врска со ограничување на одделни комуникации.

„Главниот обвинител на Луизијана, Џеф Ландри, и главниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит, поднесоа заедничка претставка во федералниот суд барајќи Министерството за правосудство да ја предаде комуникацијата меѓу високорангирани претставници на администрацијата на Бајден од Белиот дом, Стејт департментот, FBI и другите структури со големите социјални медиуми“, се наведува уште во документот.

Во заедничката изјава на двајцата обвинители се додава и дека Министерството за правосудство „веќе ја достави комуникацијата меѓу бројни федерални функционери и социјалните медиуми, но одби да обезбеди податоци за соработка на највисоките владини претставници со социјалните медиуми“.

Според еден од објавените документи за преписките датиран од јули 2021 година, претставник на Facebook директно укажува на фактот дека се сретнал со претставници на Белата куќа за да разговараат за прашањата за борбата против „лажните вести“.

„Нашите тимови се сретнаа денеска за подобро да разберат што Белата куќа очекува од нас во врска со дезинформациите“, го цитираа обвинителите еден од документите без да прецизираа за кои лица станува збор.

Во други објавени документи се содржани пораки кои содржат комуникација во врска со ширење на информациите за коронавирусот.

Американските социјални мрежи повеќепати беа критикувани и обвинувани од приврзаниците на конзервативната струја во политиката на САД, за цензирурање и ограничување на слободата на информирањето во полза на актуелната администрација.

Еден од најновите примери за таквата политика беше признанието на челникот на Meta, Марк Цукерберг, кој ги објави барањата на FBI пред претседателските избори во ноември 2020 година да го ограничи ширењето на социјалните мрежи во нивна сопственост на медиумските написи за содржината на лаптопот Хантер Бајден, на сегашниот американски претседател, кои можат да откријат вмешаност на Бајден помладиот во криминални активности во продавање на влијанието на Џо Бадјен, како и во трговии со дроги и малолетничка проституција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.