„Адора“ ја посети среќната мајка на новорoденчињата Анастасија и Габриел

Генералниот директор на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ја посети среќната мајка на првите новороденчиња во Новата 2020 година Анастасија и Габриел.

„Адора инженеринг им честита на среќните родители Снежана и Димитар Рунтеви и на новороденчињата, Анастасија и Габриел, кои се родија први во Новата 2020 година.
Во изминатите 18 години во Адора се радувавме на многу новороденчиња, на многу млади брачни парови, на проширување на нивните семејства. Радоста беше голема кога се родија близнаци во две семејства на вработени во Адора, затоа чувството на радост, на нов почеток, на надеж за светла иднина, генералниот директор на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, искрено, од срце и душа ја сподели со родителите на првите новороденчиња во Новата година, посакувајќи им добро здравје, среќа, љубов, успеси во животот на целото семејство“, напишаа од Адора инжинеринг на нивната ФБ страница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.