Чифлиганец за Нетпрес: Адора Флетајрон Скопје е најголемата инвестиција во високата градба

На почетокот на општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје, на местото на поранешната сапунара Цветан Димов, Адора инженеринг започна со реализација на новиот објект Адора Флетајрон Скопје, кој архитектонски и локациски наликува на култната Њујоршка зграда Флетајрон, што според најавите ќе прерасне во нов урбанистички симбол на Скопје и Македонија.

Чифлиганец: Сакав духот на Њујорк да се доживее во центарот на градот Скопје
Чифлиганец: Сакав духот на Њујорк да се доживее во центарот на градот Скопје

Генералниот директор на Адора инженеринг Проф. Д-р. Ванчо Чилиганец во ексклузивно интервју за Нетпрес говори за каков градежен зафат всушност се работи и од каде потекна инспирацијата за изградбата на овој елитен комплекс.

 Јас за прв пат бев во САД службено во Њујорк во 1989 година и се фотографирав пред зградата во Њујорк која е правена во 1902 година, која се вика Флетајрон бидејќи е во облик на пегла. Таа зграда многу ме фасцинираше и ми остави голем впечаток и сонував да има таква зграда во Македонија. Кога почнав да се занимавам со градежништво постојано барав таква локација, во облик на пегла, на делта, на триаголник и еве соништата се остварија, на транспарентна лицитација кога конкурирав во јака конкуренција, од 65 евра почетна цена платив 493 евра по квадратен метар, најскапата локација ја платив и желбата ми се оствари. Затоа што ДУП – от беше донесен со слични димензии, обликот на зградата Флетајрон во Њујорк, сакав духот на Њујорк да се доживее во центарот на градот Скопје, на границата помеѓу општина Центар и Кисела вода и ете соништата и желбите се остваруваат. Ете денес по повод големиот празник Илинден го ставаме камен темелникот и ќе ја направиме таква каква што ја видов пред 26 години во Њујорк.

На местото на старата сапунара „Цветан Димов“ се гради новиот проект на Адора инженеринг - Адора Флетајрон Скопје
На местото на старата сапунара „Цветан Димов“ се гради новиот проект на Адора инженеринг – Адора Флетајрон Скопје

Денес и официјално беше означен почетокот на изградбата на објектот Адора Флетајрон Скопје, за каков проект се работи, што се ќе опфати тој, кога ќе биде завршен, што се ќе биде ангажирано за неговата реализација?

Овој деловно-станбен комплекс Адора Флетајрон Скопје ќе тежи 20 милиони евра, а тоа е најголемата инвестиција моментално во градежниот сектор во високата градба, а ние имаме уште 20-тина, 30 вкупно 50 милиона инвестиции во 2015-та, а заедно со 2016-та година Адора инжинеринг има готови проекти околу 100-тина милиони евра. Кој е бенефитот на државата? Локацијата и земјиштето чинат 5 милиони и 200 илјади евра, значи издвојува, инвестира Адора. Бенефит има општината, градот Скопје и економијата на Република Македонија. Вториот бенефит ќе бидат 350 ангажирани луѓе, коишто ќе земаат  добри, редовни плати 24 месеци. Третиот бенефит ќе го имаат партнерите. Ќе соработуваме со стотина, стотина партнери затоа што ќе се направи над 40 милиони евра финансиски економски обрт. И четвртиот момент, купувачите со најповолни кредити и со најповолна цена во однос на квалитетот ќе добијат станови подобри од оние во Флетајрон во Њујорк. Затоа што ние ја градиме после 113 години, ќе ја направиме посовремена од Њујорк.

Чифлиганец: Купувачите со најповолни кредити и со најповолна цена во однос на квалитетот ќе добијат станови подобри од оние во Флетајрон во Њујорк.
Чифлиганец: Купувачите со најповолни кредити и со најповолна цена во однос на квалитетот ќе добијат станови подобри од оние во Флетајрон во Њујорк.

За каков објект всушност се работи, какви сѐ содржини ќе има, со која намена, ќе биде ли нешто престижно, современо, за домување или за водење бизнис?

Зградата е со три влеза, со шест лифта на секој кат има по шест стана, има многу карактеристично урбано решение, само околу периферијата на зградата се становите, а внатре со природна светлина се осветлува ходникот. Значи ќе брои околу 279 стана, брои околу 3, 5 илјади квадрата деловен простор, атрактивен, ексклузивен, кој излегува веднаш на булеварот и 350 сопствени паркинга на четири нивоа. Значи немаме квадратен метар кој не задоволува паркинг места. Тоа е голема работа и гледате каков ископ, каква јама имаме направено, тоа изискува многу поголеми трошоци, ама сакме да го направиме во законски прописи, функционално, со европски и светски стандарди.

Проектот е најголемата домашна инвестиција во високоградбата во Македонија. Колкава е неговата вредност и колку се Вашите вкупни инвестиции годинава во градежништвото-високата градба, каде Адора инженеринг постојано почнува нови зафати..

Ние во последните пет години сме меѓу првите 25 најуспешни компании, а сме најуспешна градежна компанија од високата градба и мислам дека стандардите се зголемија, трошоците се зголемија, а незнатно малку се намалија и цените. Ние минатата година ја завршивме многу успешно: редовни плати, донации дадовме, милион евра на заедницата, на нашата земја Македонија и ја завршивме со скромни но задоволни 13 посто успешност, односно профитабилност пред оданочување. Адора инженеринг се што заработила е во МАкедонија на сметката на Адора инженеринг, капиталот на Адора инженеринг е во Скопје, во Македонија и затоа ние се што имаме добивка инвестираме во наредни инвестиции.

Чифлиганец: Максимално ќе се потрудиме да биде застапена  екологијата и хортикултурното уредување.
Чифлиганец: Максимално ќе се потрудиме да биде застапена екологијата и хортикултурното уредување.

Адора инженеринг е  препознатлива не само како лидер во високоградбата на докажано асизмички стабилни, европски квалитетни и енергетские фикасни домови А-класа, туку и по уредувањето и оплеменувањето на околината на станбените објекти? Кои се Вашите замисли на овој план за овој простор во Кисела Вода, во близина на центарот на Скопје?

Максимално ќе се потрудиме да биде и екологијата и хортикултурното уредување застапено и мислам дека секое ќоше каде што ќе има зеленило, цвеќе, ќе го искористиме. Затоа што Адора инжинеринг не е само лидер во Македонија, супербренд во Македонија за високоградба, а ние имаме веќе и сме препознатливи во Европа и светот. Јас имам многу понуди да градам и во Англија, во Лондон, во Америка, но зошто местото да го отстапувам на странец овде во Македонија, а сакам во Македонија да се натпреварувам со странскиот инвеститор во градежништвото со високата градба и се натпреварувам.

Адора инжинеринг е позната како градежна компанија која нуди најповолна продажба на станови, но и по големиот број промотивни акции. Со што ги привлекувате бројните купувачи на станови, кои довербата за избор на нов дом Ви ја даваати на Адора инженеринг?

Исклучиво со квалитет, со функционалност, со урбано најповолно решение, со доверба, тоа што ќе се напише во договорот, ние сто посто го реализираме.

Адора Флетајрон Скопје како 100 отсто домашна инвестиција, односно македонска градба, почна да се гради на просторот на поранешната сапунара „Цветан Димов“, односно на просторот меѓу булеварот „Македонија“ и улица „Иван Козаров“, познат како „Стара рампа“. Објектот треба да биде завршен за 24 месеци.

 

Повеќе за отпочнувањето на изградбата на Адора Флетајрон Скопје на следниот линк.