Адора Инженеринг го зголеми уделот во Комерцијална банка и сега поседува 260.466 акции

Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 2.583 обични акции издадени од Банката.

Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 260.466 обични акции, односно ќе има учество од 11,43% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

Вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 6.570,29 денари.