„Адора“ во оригинален стил и саемски поволности на Realexpo 2018

Со бутик штанд од поларен мов во стилот на зеленото домување во маркантната градба „Diamond garden“ и комплетно опремена кујна со секој купен дом во објектот „Flatiron“, градежната компанија„ Адора инженеринг“ учествува на Саемот за недвижности Realexpo 2018 во СРЦ „Борис Трајковски“.

Од денеска па до недела, кога се затвора саемот, „Адора“ која е  предводник во високата градба во Македонија, ќе се претстави со дел од екстериерните и ентериерните елементи во своите најнови објекти Адора „Flatiron“ и Дијамантската градина во Скопје, кои несомнено ставија силен урбан печат во архитектонтското уредување на метрополата.

Исто така, на посетителите им се нудат и саемски попусти кои вклучуваат совети од архитекти, како и комплетно опремена кујна со бренд апарати од бела техника и целосно 3Д решение за внатрешно уредување на домот со секој купен стан во „Flatiron“.

Заменик генералниот директор на „Адора инженеринг“, Душко Чифлиганец, ги најави и новите планови на компанијата, покрај можностите на новите и веќе реализирани објекти кои нудат еден поинаков и современ концепт на домување. Концепт на хуман пристап на животот во станбените згради, што, пак, подразбира грижа за квалитетот на живот на станарите и грижа за животната средина.

„Адора“ е традиционално на овој саем, а годинава се претставивме со концепт бутик штанд, со нашите два објекти кои се веќе реализирани и продолжуваме со нашиот долгогодишен концепт  „Адора секогаш ви уди повеќе од дом“. Имаме саемска промоција подарок комплетно опремена кујна со секој купен стан во „Flatiron“. За овој објект добивме  светска нарада за иновативност во стил и квалитетот на домувањето во Монте Карло, и официјано претставува најголема внатрершна градина во Европа. На саемот го претставуваме и  објектот „Аеродром црква 3“ кој набргу ќе биде готов“, истакна Душко Чифлиганец.

 

Душко Чифлиганец

Говорејќи за плановите на компанијата, тој навести нов инвестициски проект за следната година. За време на саемските денови, посетителите ќе можат да ја видат макетата за новиот објект, за кој засега има само идејно решение и се’ уште е во фаза на проектирање.

Од макетата може да се забележи дека станува збор за уште еден импозантен објект кој секако отвора нови перспективи за компанјата која продолжува да воспоставува нови стандарди, но и за идните клиенти кои ќе имаа можност да бидат дел од современо домување по теркот на развиените светски метрополи.

За Чифлиганец, изминатата година за компанјата е поволна, но, сепак има големи очекувања за уште подобра бизнис клима.

„Адора“ во 2017 година се рангираше на 23-то место по успешност во државава.