Адвокат Давидовиќ за судењето за 27-ми: Судењето е доказ дека еднаквост пред законите нема, правдата е селективна, судството е политизирано

166

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „Неделен брифинг со Сотир Костов“ истакна дека случајот со 27-ми април ја покажа нееднаквоста пред законите, како и селективноста на правдата, а судството е политизирано и клиентелистички насочено.

-Ова судење беше многу чудно и ја покажа во целата своја тежина и во полна светлина она што постојано го тврдиме дека еднаквост пред законите нема, дека правдата во Република Македонија е селективна и дека често пати жешкиот костен од политички причини му се дава на судството и на Обвинителството, како што беше направено во овој случај па по тоа се виде дека судии и обвинители решаваа кој ќе може да ја добие амнестијата, вели адвокат Давидовиќ.

Давидовиќ вели со сигурност дека „терористичко загрозување на уставниот поредок на државата“ таа вечер на 27-ми април немало.

-Во тој миг ниту еден поединец ниту институција беа загрозени, ниту претседателот на државата, ниту премиерот, ниту Собранието, ниту Уставниот суд, биле загрозени, вели Давидовиќ.

Тој појасни дека кривични дела имало, но дека Обвинителството во ниту еден миг не успеало да ја докаже намерата и умислата за загрозување на уставниот поредок на државата.

Давидовиќ вели дека судството во Македонија е исполитизирано, каде пратеници се ослободуваат за да гласаат во Собранието, а истото е и клиентелистички насочено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.