Адвокатите на Белата куќа ги обвинија демократите за кршење на Уставот поради импичментот, Трамп категорично ги отфрла обвинувањата

Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп го нарушил Уставот на земјата и претставува мешање во изборниот прцес, изјавија во саботата од адвокатскиот тим на Трамп, одговарајќи на службениот повик тој да се појави во Сенатот, каде што од вторник започнува првото заседание за обвиненијата што ги поднесе Претставничкиот дом на Конгресот.

Изминатиов период, правните застапници на републиканскиот претседател и опозициските демократи кои се мнозинство во Претствничкиот дом, повеќепати разменија остри обвинувањата за почетокот на судњето на Трамп во Сенатот, при што двете страни меѓусебно се обвинуваа дека се обидуваат да влијаат врз претседателските избори во ноември 2020 година.

„Обвиненијата за импичментот, поднесени од демократите во Претставничкиот дом, претставуваат опасен напад врз правото на Американците слободно да го изберат својот претседател. Ова е (…) обид да се поништат резултатите од изборите во 2016 година и и за мешање во изборите во (ноември) 2020 година“, го цитирал дописот за новинарите извор близок на адвокатскиот тим на Белата куќа.

„Наводите во обвинението за отповикувањето не се валидни од аспект на Уставот“, додал изворот.

На одговорот на адвокатите на американскиот претседател претставн на седум страници, исто така, се наведува дека Трамп „категорично“ ги отфрла сите обвиненија и бара да биде ослободен.

„Претседателот Трамп категорични и отворно ги негира апсолутно сите обцвиненија за двете точки од поднесокот за импичментот. Претседателот ги задржува сите достапни права на одбрана кои му се на располагање… Од прините изложени во овој одговоро и во претстајните изложувања (одбраната во текот на процесот), Сенатот мора да ја отфрли претставката за отповикувањето“, се наведува во документот поднесен од адвокатите на Трамп.

Обвинувањта изнесени во документот на Претставничкиот дом, дури формално и не го обвиуваат Трамп за престп или нарушување на некој закон, се наведува уште во дописот на адвокатскиот тим на Белата куќа.

„Дејствијата на претедателот… биле во согласност со Уставот, целосно законски, потолно соодветни, тие биле преземени за унапредување на нашите национални интереси“, се наведува натаму во документот кој го потпишале личниот адвокат на Трамп, Џеј Секулов и правниот советник на Белата куќа, Пат Чиплоне.

Обвинението против американскиот претседател пристигна во средата во Сенатот, во пресрет на процесот кој треба да го води горниот дом на Конгресот во кој републиканците имаат мнозинство. Самиот процес ќе започне во вторник, објави челникот на републиканското мнозинство, сенаторот Мич Мекконел.

Претседателот Доналд Трамп треба да одговора по двете точки од обвинението: за злоупотреба на овластувањата и за попречување на работата на Конгресот.

Демократите го обвинуваат дека ја користел функцијата за да изврши притисок врз Украина во летото 2019 година да го испита мешањето на неговиот демократски противник – поранешниот потпретседател Џо Бајден – во запирање на истрагата за корупција во Украина во која бил вмешан неговиот син Хантер Бајден; и за блокирање на соработката на своите соработници со комисијата задолжена за истрагата во Претставничкиот дом.

Откако обвинението беше потврдено во долниот дом на Конгресот, благодарејќи на мнозинството на демократите, процесот за отповикување – ткн импичмент или судење, продолжува во Сенатот. Притоа членовите на Претставничкиот дом ја играат улогата на „тужители“, Белата куќа има правни застапници, сенаторите се поротници, а со процесот претседава првиот човек на Врховниот суд.

Претседателот на САД може да биде разрешен од должноста, доколку за тоа гласаат две третини од 100-те сенатори, односно најмалку 67 гласдови. Меѓутоа, се очекува дека Сенатот ќе го ослободи Трамп од обвинението, имајќи предвид дека ниеден од 53-те републикански сенатори досега јавно не се изјасни дека е за отповикување.

Покрај тоа, челникот на републиканците во горниот дом на Конгресот, Мич Мекконел веќе истакна дека има намера за берзо завршување на процедурата за импичментот, којашто ќе заврши со ослбодување на Трамп. Се претпоставува дека во Сенатот процесто за отпповикување на претседателот со практично предвидлива завршница ќе трае околу две седмици.

Отповикувањето за кое минатиот месец гласаше Претставничкиот дом и телевизискиот преност на сенатското судење може да бидат непријатни, како и за Доналд Трамп, така и за Џо Бајден кому на 3-ти ноември веројатни ќе му се спротистави во настојувањата да го освои вториот преседателски мандат.