Адвокатите на Роналдо признаа дека платиле 375.000 долари на …

Случајот со наводното силување на Кристијано Роналдо во Лас Вегас е завршен. Обвинителството откри дека поради недостаток на докази ќе мора да стави крај на криминалниот случај против популарниот фудбалер.

Жртвата Кетрин Мајорга не се откажува и до крај ќе ја тера правдата, а на тоа адвокатите на Португалецот одговорија дека спогодбата е направена уште во 2010 година.

Тогаш на Американката и биле исплатени 375.000 долари со кој е постигнат договор за доверливост. Од тимот на ѕвездата на Јувентус велат дека сумата е исплатена за да биде спречено нејзино излегување во јавност, а не обид да се сокрие силувањето.

Роналдо се подготвува за втората сезона во Италија. Новиот атак на скудетото ќе го започне в сабота на гости кај Парма.