Адвокатите од „27 април“ бараат одложување на сведочењето на Нинџа, со сомнеж дека повторно тргува со обвинителството како во случајот „Ровер“

Одбраната на обвинетите во случајот „27 април“ денеска побараа одложување на сведочењето на Александар Василевски-Нинџа. Причина за тоа е сомнежот кој постои дека тој повторно тргува преку лажни изјави во корист на обвинението со цел да избори поволности за себе како што тоа го правел и во минатото.

Одбраната констатира дека во пошироката јавност се уште е присутна дилемата во однос на давањето на исказот на Нинџа само 15 дена пред изрекувањето на пресудата за предметот за т.н. „терористичко загрозување на уставниот поредок“ со кој на 211 години затвор беа осудени 16 лица.

Василевски беше осуден на 8 години затвор, две години под минималната, за разлика од луѓето кои според пресудата тој ги организирал и координирал и добија по 12, 13, 15 години затворски казни.

Поради овој факт, но и поради гласните коментари за сомнителните изјави на Василевски пред обвинителството и пред судот менувани три пати со драстични разлики во секоја изјава, како и поради историјата на Василевски за сомнителни сведочења во случаи додека против него се водат други постапки, адвокатскиот тим поднесе барање за одложување на сведочењето на Нинџа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.