Адвокатка на „Кумановската група“: Владата на Курти ќе ги ослободи нашите момци!

Барањето за меѓународна истрага за случајот „Диво Насеље“ предизвика и реакцијата на познатата адвокатка Артене Исени, која ги брани некои од членовите на кумановската група. Таа преку статус на Фејсбук ги коментираше најновите позиции на кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти, за меѓународна истрага за овој случај.

„Барањето на идниот премиер на Република Косово, г. Албин Курти, за спроведувањето меѓународна истрага е една од обврските и приоритетите на оваа Влада. Само со експерти и истражители кои не се засегнати од интересите на оние кои ги иницираа и реализираа кумановските настани , може да се задоволи правдата и нашите момци целосно да бидат ослободени ослободени од обвинението за тероризам. Новата сила е нова надеж “, подвлече Исени. Лидерот на Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, Албин Курти при неодамнешната посета на Скопје, покрај приоритетите за соработка и проекти од заеднички интерес, разговараше и за случајот случајот „Диво Насеље“ со премиерот Зоран Заев. Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, во интервју во „Pressing“ на Т7 кажа дека Курти побарал од Заев истрага за овој случај.

„Г-дин Курти побара меѓународна истрага за случајот „Диво Насеље“. Ова го побара од Заев, не знам дали е добро што го кажувам ова, но на денот кога тој беше во посета ова го побара од нашиот премиер “, рече Зекири. Меѓународната истрага претходно беше спомнувана и од самиот Заев и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додека случајот исто така беше под лупата на поранешното Специјално обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.