Адвокатката Чапутова стана првата претседателка на Словачка

Либералната 45-годишна адвокатка Зузана Чепутова победи во саботата на претседателските избори во Словачка, станувајќи прва жена на претседателската должност во историјата на оваа поранешна комунистичка централноевропска земја а е петтиот шеф на државата по стекнувањето независност во 1993 година.

Поддршката која гласачите ѝ ја дадода на досега малкупознатата адвокатка, чиј интерес првенствено беа прашањата од локалната и регионалната политика, покажуваат за сериозно намалување на авторитетот на социјалдеморкатите кај Словаците. Поразот на нивниот претседателски кандидат негативно се одразува на нивниот рејтинг и може значително да ја ослаби позицијата на политичката сцена.

Адвокатката од градот Пезинок, во Западна Словачка, победи на бранот на незадоволството на јавноста од февруари минатата година поради корупциските скандали и во прв ред поттикнато од убиството на новинарот Јан Куциак и неговата девојка кој истражуваше поврзаност на одредени министри и италијанската мафија. Зузана Чапутова учествуваше во протестите кои тогашната влада ја доведоа во непријатна положба и поттикна сериозна политичка криза во земјата со 5,4 милиони жители, членка на Европската унија и НАТО.

Чапутова во вториот круг од претседателските избори освои 58,4 отсто од гласовиет, додека 52-годишниот земник претседател на Европската комисија за енергија Марош Шевчович независен кандидат поддржан од левата партија Правец–социјални демократи освои 41,6 отсто од гласовите. За Чапутова особено масовно гласале избирачите во престолнината Братислава и Братиславскиот округ, со дури 73.74 отсто.

Сепак, одѕивот на избирачите во саботата бил 41,8 отсто од 4.450.000 словачки избирачи. Ова е најниската активноста на гласачите откако се организираат непосредни и општи избори на претседателот на Словачка, кои првпат се одржаа во 1999 година.

Правничката и еколошка активистка Чапутова, е членка на малата партија Прогресивна Словачка, должноста ќе ја преземе од актуелниот претседател Андреј Киска на 15-ти јуни. Претседателот на Словачка има симбнолични овластувања, но е врховен командант на вооружените сили, и може да стави вето на нови закони а ги именува и највисоките судии.

Чапутова во предизборната кампања беше критикувана од црквата и конзервативните групи поради нејзините ставови за абортусот и хомосексуалност.

Својот говор по прогласувањето на победата го започна заблагодарувајќи им се на гласачите на словачки и на јазиците на националните малцинства: унгарски, чешки, русински и ромски. Порача дека има намера да работи во интерес на сплотување на граѓаните на Словачка.