Адвокатката Камилa Васкез проговори каква е нејзината врска со Џони Деп

Адвокатката на Џони Деп, Камилa Васкез, конечно проговори за врската со актерот и ги коментираше шпекулациите кои се раширија со молскавична брзина.

Имено, Камила стекна голема популарност за време на судењето на Џони Деп и неговата поранешна сопруга актерката Амбер Херд.

Таа доби многу деловни понуди по победата на судот, за што пренесоа странските медиуми, а сега во интервју за магазинот People проговори за нејзината врска со Деп, бидејќи многумина во текот на судењето се посомневваа дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство и деловна соработка.

Васкез рече дека е разочарана што луѓето го гледаат нејзиниот деловен однос со Деп на кој било начин несоодветен и непрофесионален.

„Навистина се грижам за моите клиенти и очигледно сме блиски. Но, кога велам јас, мислам на целиот тим, а тоа секако го вклучува и Џони“, рекла Камила и додала дека Деп е нејзин пријател и дека соработуваат веќе четири ипол години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hollywood Zoom (@hollywood.zoom)

„Тоа е исто така неетичко обвинување. Тоа е сексистичко. Тажно и разочарувачко, но не можам да кажам дека бев изненадена“- истакнала Камила.

На рочиштата се прегрнуваа неколку пати, по што на социјалните мрежи се појавија разни теории.

„Што сакате да кажам? Сакам да ги прегрнувам сите и не се срамам од тоа. Овој човек се бореше за својот живот и срцето ми се скрши што го гледав од ден на ден како седи и ги слуша најстрашните обвинувања“, изјавила Васкез.