Адвокатот Апостолски: Не сме задоволни од пресудата во „Агент“

Адвокатот Јордан Апостолски, кој го бранеше првопријавениот Васко Томановиќ, на кого денеска му беше изречена затворска казна oд три години за случајот „Агент“ истакна дека не е задоволен од пресудата и најави поднесување на жалба.

„Задоволни сме што се укина притворот, но не сме задоволни од пресудата бидејќи во конкретниот случај никој не е оштетен“, изјави адвокатот Апостолски за Нетпрес, додавајќи дека сигурно ќе поднесе жалба.

Тој рече дека обвинетети тешко ја примиле пресудата бидејќи е премногу висока за дело кое тие воопшто не го сториле.

Денеска во Основниот суд Скопје 1 беше изречена затворска казна за шестмината обвинети во случајот „Агент“.  Првопријавениот Васко Томановиќ доби казна од три години, а останатите , Митја Валич, Слободан Богоевски, Владимир Пешликоски, Даниела Трајковска и Ален Јегени, кои се товарат перење пари и други приноси од казниво дело, фалсисификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и злоупотреба на службената положба и овластување добија затворски казни во траење од две години. Последните двајца обвинети, Даниела Трајковска и Ален Јегени,  добија условни казни. По словенечкиот државјанин Митја Валич, полицијата сè уште трага.

Шестмината осудени во случајот „Агент“ испрале над еден милион евра преку фиктивни фирми и фиктивни фактури.