Адвокатот Игор Милев ќе добива по 2.500 евра месечно во одборот на Телеком

Новиот претставник на Владата во Одборот на директори на Македонски Телеком, Игор Милев, за извршувањето на функцијата претседател на одборот од редот на неизвршни членови, ќе добива месечен наместок од 2.500 евра, одлучи Собранието на компанијата.

„Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на претседателот на Одборот на директори во нето износ од155.000 денари.

Членови на Одборот на директори се и Садула Дураки, кој минатата година имал надоместок од 93.000 денари нето, како и Нина Ангеловска со надоместок од 62.000 денари нето износ, колку што добивале и Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу.

Милев доаѓа од Царината каде беше советник на генералниот директор.

Тој беше член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ, а беше и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш од каде потекнува. Во 2013 година Милев беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш и ги изгуби изборите. Милев е близок човек на поранешниот премиер Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.