Адвокатот кој ја плати клаузулата на Нејмар е во канцелариите на Барса

97

Нејмар со големи чекори се приближува кон Барселона, тврди ексклузивно ТВ „Ел Чирингито“.

Камера на популарната шпанска телевизија го забележа адвокатот кој ја плати клаузулата на Неј Џуниор во 2017 година (тогаш 222 милиони евра) како сега влегува во канцелариите на каталонскиот клуб.

Бразилската sвезда на Пари Сен Жермен е на излез од „Паркот на принцовите“, но засега францускиот клуб не ја добива посакуваната понуда. Филипе Кутињо со голема веројатност ќе влезе во договорот со Нејмар, како и огромна сума од околу 100 милиони евра.

Според шпанските медиуми, и Реал Мадрид е во игра за Јужноамериканецот, но тоа може да биде само потег од страна на „кралскиот“ клуб со цел да ги заплаши „блаугранас“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.