Адвокатот на Лазаров поднесе жалба за притворот, го обвини судот за двојни аршини

1150

Адвокатот Душко Јанковиќ, кој му е бранител на началникот во МВР за специјални операции, Душко Лазаров, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април, денеска пред судот изјави дека поднеле жалба на одлуката за притвор што вчера му ја одреди судот на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција.

Јанковиќ вели дека при одлучувањето се користеле двојни аршини кај лица обвинети за исти кривични дела.

„Кривичното дело е исто за сите осомничени. Поголем дел од осомничените добија притвор, а дел се во куќен притвор. Ние денес поднесовме жалба бидејќи сме незадоволни, оти забележавме дека постои двоен аршин при определување на мерката притвор. И покрај нашите препораки, препораките на правните експерти и Прибе особено кога се работи за притвор, сепак се користат двојни аршини. На лица осомничени за исто кривично дело им се определува на еден дел притвор, на еден дел куќен притвор. Поради тоа сме незадоволни и поднесовме жалба на ваквата одлука, изјави адвокатот Јанковиќ.

Одлуката за Лазаров, адвокатите ја добиле во 5 часот утрово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.