Адвокатот на Роналдо потврди дека Португалецот направил договор со Мајорга

Адвокатот на Кристијано Роналдо, Петар Кристијансен потврди дека Португалецот направил договор за молчење со Американката Кетрин Мајорга, која го обвини за силување.
Сепак, тимот на адвокатите на фудбалерот продолжува да ги отфрла сите наводи за наводно злосторство во 2009 година.

Американката за германскиот неделник Der Spiegel, го обвини напаѓачот на „Јувентус“ дека на 13 јуни 2009 година ја силувал во својот апертмент во Лас Вегас. Роналдо следната година и платил 375.000 долари за да молчи, но осум години подоцна таа одлучила да го тужи.

Роналдо не негира дека се согласил да се направи договор, но во секој случај не е признавање на вината. Тој беше направен за да се спречи обидот да се уништи неговата репутација стекната преку напорна работа, спортски вештини и соодветно однесување. За жал, тој е сега вклучен во судска постапка  какви се многу честа појава во САД, рече Кристијансен.

Според него, документите од договорот кој содржи негови изјави се фалсификувани.

Истите ги украле хакери, а потоа ги проследиле до медиумите. Меѓутоа, суштинските делови се сменети или се целосно фиктивни, вели адокатот.

Мајорга, пак, која во меѓувреме дипломира новинарство на Универзитетот во Невада, рече дека била инспирирана од движењето #MeToo против сексуалното насилство па го обвинила фудбалерот.

Според законите во Невада, не посто застарување на кривичното дело силување, а ако се докаже дека Португалецот ја силувал Американката му се заканува казна доживотен затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.