Адвокатот на Трамп допатувал во Киев

Личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани, пристигнал во украинската престолнина Киев, пренесува порталот Новое время повикувајќи се на свои информирани извори, а истовремено весникот The New York Times објави во средата вечерта дека продолжил да собира компромитирачки материјали за демократите.

Претходно самиот Џулијани во интервју за американската телевизиска мрежа Fox News изјави дека побарал издавање влезни визи во САД за четворица украински државјани кои се подготвени да ја потврдат вмешаноста на поранешниот потпретседател и еден од можните демократски кандидати на американските претседателски избори следната година, Џо Бајден, во „сите видови престапи“.

„Личниот адвокат на Трамп и еден од главните ликови во ‘Украинагејт’, Рудолф Џулијани се наоѓа во Киев“, кусо објави порталот прераскажувајќи го случајот кој доведе демократите да побараат отповикување на претседателот.

Истовремено во средата весникот The New York Times, повикувајќи се на свои извори, објави дека Џулијани и покрај процесот за импичмент инициран од демократите во Конгресот, престојувал во Будимпешта и Киев со цел да добие информации од поранешните украинскио државни обвинители Јуриј Лиценко, Виктор Шокин и разрешениот во ноември годинава обвинител Константин Кулик, кој ја истражувал за корупција во енергетската компанија „Burisma“ во чија управа во тоа време бил синот на потпретседателот Џозеф Бајден.

Според некои поранешни признанија на Бајден, неговиот син Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ кога неговиот татко Џо Бајден стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата, Потпретседатлот Бајден му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден.

 

Републиканска алтернатива на импичментот

Според весникот, ненајаването патување на Џулијани е во рамките на продолжувањето на снимањето на документарната серија „One America News Network“ (OAN). Наводно филмт е замислен да го поткопа кредибилитетот на обидите на демократите да го отстранат Трамп од претседателската должноста и да ги зајакне шансите за неговиот реизбор во ноември 2020 година. Извори на весникот го опишале серијалот како „републиканска алтернатива на процедурата за импичмент“. Во централниот интерес на авторите на документарниот филм се сведоштвата на оние сведоци кои Демократската партија со своето мнозинство во Претставничкиот дом одби да ги сослуша, појаснува весникот.

Според The New York Times, снимањето со асистенција на Џулијани се одвивало во вторникот 3-ти декември во разиденцијата на американскиот амбасадот во Унгарија, Дејвид Корнштајн. Покрај Луценко, во снимањето учествувал и поранешниот украински пратеник Андреј Артеменко и поранешниот вработен во украинската амбасада во Вашингтон, Андриј Телиженко. Артеменко, Телиженко и поранешниот претседател на државната изборна космија на Украина (од 2013 до 2018), Михаил Охендовски, за време на снимањето на првите епизоди на серијата ОАN во ноември во Вашингтон инсистирале на тоа дека претседателот Трамп ги имал сите основи во време на јулскиот телефонски разговор со штотуку избраниот украински претседател Владимир Зеленски да бара завршување на истрагата за активностите на Бајден и „Burisma“. Џулијани, според изворите на весникот, во средата заминал во Киев со цел да добие информации кои ќе бидат во интерес на Трамп, од Шокин и Кулик.

Џулијани, одговарајќи на прашањето на The New York Times, рекол дека „како добар адвокат собира докази во одбрана на својот клиент од лажни обвинувања“ од страна на медиумите и демократите. Адвокатот на американскиот претседател ги обвинил организаторите на истрагата за импичментот, во прв ред шефот на Комитетот за разузнавачки служби на Претставничкиот дом, демократот Адам Шиф за прикривање информации кои го оправдуваат актуелниот станар на Белата куќа. Џулијани, како што пишува весникот, не одговорил на прашањато дали го известил Трамп за патувањето во Унгарија и Украина, а исто така и за својата улога во снимањето на споменатиот документарен серијал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.