Адвокатот Пешевски: Пратеничката со коронавирус стори кривично дело по член 206 од КЗ, и за истото не и важи пратеничкиот имунитет

Адвокатот Драган Пешевски преку статус на Фејсбук денеска пишува дека пратеничката која денеска се појави во скафандер да гласа сторила кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не и важи пратеничкиот имунитет.

-Пратеничкава се пофали, глумеше кловн, ги спаси граѓаните со гласање за “најбитните закони in the history of Babylon”, но меѓу другото стори и кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не и важи пратеничкиот имунитет, па му испраќам глас на обвинителството, да си ја прибере надуенава на распит одма, затоа што овие предмети Обвинителството ги води како приоритетни предмети од итен карактер…
Фала пријатно…, стои во неговиот пост на Фејсбук.